Генералниот импортер за Фолксваген комерцијални возила - Порше Македонија го донесе во земјава моделот Фолксваген Калифорнија. Станува збор за урбан, економичен и мултифункционален модел кој годинава прославува 25 години од своето постоење. Од Порше Македонија велат дека тоа е автомобил за секојдневно уживање, со место за спиење за четири возрасни лица, кујна и многу повеќе, односно вистински мини дом на тркала. Страсни љубители на петтата генерација на Фолксваген Калифорнија се луѓе кои обожаваат долги патувања, кои сакаат спонтано да отидат во природа, да се оддалечат од градскиот метеж и таму да поминат неколку дена на незаборавен одмор.
Генералниот импортер за Фолксваген комерцијални возила - Порше Македонија го донесе во земјава моделот Фолксваген Калифорнија.
Станува збор за урбан, економичен и мултифункционален модел кој годинава прославува 25 години од своето постоење.
Од Порше Македонија велат дека тоа е автомобил за секојдневно уживање, со место за спиење за четири возрасни лица, кујна и многу повеќе, односно вистински мини дом на тркала.
- Страсни љубители на петтата генерација на Фолксваген Калифорнија се луѓе кои обожаваат долги патувања, кои сакаат спонтано да отидат во природа, да се оддалечат од градскиот метеж и таму да поминат неколку дена на незаборавен одмор. Со Фолксваген Калифорнија Т5 нема потреба од долго планирање на вашиот одмор, нема потреба од резервација во хотел, доволно е дента нешто да купите за јадење, да имате добра мисла и некаде да отпатувате. А во Македонија навистина има каде - велат од Порше Македонија.